Спорт

Стоилов ја започнува РК Академија Младост во Богданци

Во фаза на подготовка е проект кој ке го опфати југоистоткот во Македонија што ќе го предводи поранешниот репрезентативец Митко Стоилов заедно со уште неколку поранешни репрезентативци, тренери и поранешни играчи, се со цел правилно насочување и развивање на младите во југоистокот.

Иницијативата за овој проект почнала од одредени љубители на ракометната игра како и поранешните играчи односно играчите кои мината сезона беа носителите на играта на РК Младост 09, кои беа на патот кон освојување на првото место, со обезбедување пласман во Супер лигата и враќање на Младост 09 во елитата.
Мегутоа одговорните од клубот и покрај барањата на нас играчите немаа слух за трудот на играчите да биде преточен во играње во елитата Супер лигата нешто кое долго го очекуваа Богданчани, па затоа старата елита е сигурна дека со напорна работа можат да го вратат препуштеното и да го пренесат знаењето на младите кои би ја продолжиле традицијата во општина Богданци – југоистокот за одржување на ракометната игра.

Имајки во предвид дека во Македонија од сите спортови ракометот е со највисок рејтинг, граѓаните од Богданци и околината го сакаат ракометот како спорт, покажувајки го тоа во минатото сигурно се сеќавате кога имаше натпревар во Богданци тоа беше празник за Богданци и спортската сала Млаз се полнеше до последно место од младо до старо.
Целта на проектот ќе биде залагање на поорганизирана работа со младинските категории.

Препорачуваме:
Тагови
Покажи повеќе

Поврзано

error: Не ме копирај :)
Close